Наредба за апсење на Тони Трајковски за судењето за „ТНТ“

Од:

Откако по паузата обвинетиот Тони Трајковски не се појави на судењето за предметот „ТНТ“, судијата Огнен Ставрев, го одложи судењето и изрече наредба на утрешното судење Трајковски да биде стражарно спроевден со полиција.

„Обвинетиот Тони Трајковски бил отпуштен во општа здравствена состојба”, рече судијата, читајќи го документот добиен од здравствената установа каде Трајковски бил примен.

Судењето од минатата недела поради истек на мандатот на поротничката, се одвива со забрзано темпо и со рочишта кои траат по повеќе од 8 часа. Денеска требаше на прашања на обвинителот Бурим Рустеми, да одговара Миле Јанакиески.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на тогашниот политички противник Фијат Цаноски. СЈО тврди дека со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе барааат отштета.

Обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексградоначалникот Тони Трајковски, како и Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов