Напаѓачот на Шекеринска ќе бара намалување на казната

Од:

Панче Ангелов, напаѓачот на актуелната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска за време на немилите настани во Собранието на 27-ми април минатата година, денеска на јавна седница во Апелација преку неговиот адвокат ќе бара намалување на казната.

Во жалбата на адвокатот, обвинетиот се жали и на квалификацијата на обвинението по признаената вина.

Ангелов беше обвинет за кривично дело насилство и беше осуден на казна затвор од 4 години. Судијката при изрекувањето на неговата пресуда наведе дека во одредувањето на висината на казната преовладуваат отежителните околности.

За делото за кое одговара Ангелов според кривичниот законик предвидена е казна затвор од три до десет години, но со казната која ја доби напаѓачот на Шекеринска судот смета дека ќе се постигнат целите на казнувањето – Ангелов нема да го повтори делото, а ќе се превенира извршување на насилство и од други граѓани.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Апелација ги зголеми казните на 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба

А1он

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки