Дваесеттина лица без повод и причина вчера, околу 03:00 часот, физички ги нападнале скопјаните Д.К.(20) и Д.К. во непосредна близина на Билната аптека во Скопје.
Како што информираат од МВР, едно од нападнатите лица се здобило со повреда од остар предмет во пределот на задникот и е задржано на лекување во Клинички центар-Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.