Нападнат полицаец во СВР-Битола

Од:

Синоќа во СВР-Битола физички бил нападнат полицаец од страна на Р.Ѓ. од Битола.

Во текот на денот, полицаецот заедно со уште двајца негови колеги постапувале по поплака и го барале лицето С.Ѓ., а откако не го нашле на наведената адреса, полицаецот му се јавил телефонски и службено стапил во контакт со лице кое се претставило дека е С.Ѓ..

Полицискиот службеник му рекол дека против него има поплака и дека треба службено да разговараат, на што С.Ѓ. одговорил дека е надвор од градот и дека ќе дојде друг ден, а по кратко време С.Ѓ. му се јавил на полицаецот и му се заканил и се обратил со зборови со недолична содржина, по што полицаецот му исклучил.

Во 21 часот, кога со колегите се вратиле во СВР-Битола, во ходникот неколку минути по нив влегол Р.Ѓ. и без никаков разговор му се приближил на полицаецот и со глава го удрил во пределот на устата, по што Р.Ѓ. бил приведен.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот