Наоблачување кон крајот на денов, утре услови за дожд во крајните источни и западни делови од земјава

Од:

Во крајните западни и крајните источни делови од земјава утре ќе има услови за краткотраен дожд. Потоа ќе следува стабилно време со благ пораст на дневната температура, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот и во текот
на ноќта ќе биде значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено кон крајот на денот вдолж Повардарието, каде повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје е сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот ќе биде значително облачно и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температура во главниот град денеска ќе достигне 25 степени.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска