Нанев: Ќе бидат креирани електронски досиеја со факти за предметите

Од:

За сите предмети ќе бидат креирани електронски досиеја со факти за предметите, а странката ќе има пристап до одредено ниво. На тој начин преку мобилна апликација на мобилен телефон ќе може да влезат во самиот систем, односно во делот што се однесува на факти за предметот и да ги добијат сите потребни информации.

Ова го истакна претседателот на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата за дигитализацијата на судството.

– Целта е за сите предмети да се креираат електронски досиеја со факти за предметот. Едно од клучните прашања се екстерните документи. Да, ќе се креираат електронски досиеја со тоа што во зависност од статусот на учеството на странката, таа ќе има пристап до електронското досие до одредено ниво. И на тој начин преку мобилната апликација ќе имаат можност и преку мобилен телефон да влезат во самиот систем, односно во делот што се однесува на факти за предметот и да ги добијат сите потребни информации, рече Нанев.

На прашањето дали електронска достава ќе се смета за законски доказ, судијата Нанев рече дека со изработката на измени на законската регулатива во однос na процесните закони, како Закон за парнична постапка, Закон за кривична постапка, Закон за прекршоци ова прашање ќе се надмине. – Така што, кога ќе стапат во сила овие измени целосно ќе биде надминато ова прашање, бидејќи на овој начин се добива и авторизација којашто се потврдува со баркодот од надлежната институција, додаде тој.

Нанев истакна дека токму авторизацијата и веродостојноста на сите електронски документи било едно од клучните прашања што го разгледала Работната група. – Токму досегашниот недостаток во делот на законската регулатива доведуваше до состојба сите овие докази или списи кои беа доставувани по електронски пат не само од Судскиот совет, туку и од сите останати судови во државава да не бидат прифаќани како електронски докази, рече судијата Нанев.

Во однос на АКМИС системот, Нанев посочи дека, тој е клучот за работата на судовите во нашата држава.

-Се разбира дека едно од суштинските прашања е во делот на унапредување на неговата функционалност, во делот на модернизација при автоматска распределба на предметите, односно следење на движењето на предметите. Еден од најчувствителните сегменти се однесува на прашањето на следењето на предметите, креирање на соодветните обрасци, односно статистички податоци, рече Нанев.

Тој напомена дека при изработката на ова софтверско решение и неговото осовремување ќе бидат вклучени сите државни органи и институции во нашата држава, односно ќе бидат повикани да ги достават потребните индикатори како резултат на потребните информации кои се потребни понатаму да ги користат во нивните статистички анализи.

Според Нанев, тоа ќе биде огромен придонес и затоа упати повик до сите државни организации, институци и органи да се подготват и да ги креираат индикаторите затоа што, како што додаде, на тој начин ќе се направи квалитетен, јасен и сигурен информатички систем што ќе биде користен и за граѓаните и за државните органи. дма/лв/

2021-04-26 15:53:36, од Даниела Маркоска-Алексовска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ