А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Наместо во изолација, оделе по гости и по фризери – казни за 69 луѓе од Струмица

by А1он10/04/2020 - 16:30725
Share0

Основното јавно обвинителство Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози за 69 лица кои во одделни кривично правни настани го извршиле кривичното дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти Јавното обвинителство, седуммина од обвинетите не се придржувале на мерките за задолжителна самоизолација. За време на пандемија од глобални размери, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуват мерки за нејзино сузбивање или спречување, како и според одлуките на надлежните институции.

Еден од нив, во државава влегол преку меѓународниот аеродром во Скопје враќајќи се од Република Германија на 11 март. Бил известен за должноста за самоизолација, за што потпишал и изјава, но на 20 март излегол од семејниот дом и управувајќи возило се движел по улиците на Струмица.

Друг обвинет се вратил од Република Германија и во Република Северна Македонија влегол на граничниот премин „Табановце“ на 12 март. Но задолжителната самоизолација од 14 дена не ја почитувал, туку на 20 март излегол од домот и отишол во фризерски салон во Струмица.

Следете a1on на Youtube YouTube

Двајца од обвинетите на 13 март 2020 година се вратиле во државава од Република Швајцарија и согласно на одлуките и потпишаните изјави за самоизолација требало во следниот период од 14 дена да не го напуштаат нивниот дом. Но, на 20 март 2020 со возило двајцата сопружници отишле на гости кај роднини во Струмица, а едниот од нив на 23 март со возило преку граничниот премин „Деве Баир“ ја напуштил државата и заминал за Република Швајцарија.

Петтиот обвинет за непочитување на самоизолацијата во државата дошол од Република Германија на 13 март 2020 година. Но, на 18 март со возило заминал за Радовиш каде престојувал во стан со неговата партнерка до 20 март, кога полициските службеници констатирале дека лицето не ја почитува изречената мерка.

Од Република Германија се вратил и обвинет кој во државата влегол на 14 март и требало должноста да ја изврши во неговиот дом во село Василево. Но на 20 март со велосипед се движел низ селото при што бил затекнат од полициски службеници.

Седмото обвинето лице се вратило на 14 март 2020 од Велика Британија, но не се придржувало на самоизолацијата, па на 21 март излегла од својот дом и отишла да пазари.

За овие обвинети, Основното јавно обвинителство Струмица со поднесување на предлогот за издавање казнени налози на надлежниот суд му предложи да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив од по 30 евра во денарска противвредност.

Основното јавно обвинителство Струмица поведе постапка и за 62 лица кои не го почитувале полицискиот час во Струмица.  Сите обвинети не ги почитувале прописите и одлуките на Владата со кои се определуваат мерки за спречување и сузбивање на заразната болест КОВИД-19, односно Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

За обвинетите кои се товарат дека не го почитувале полицискиот час, обвинителството на судот му предложи на секој од нив да изрече парична казна во износ од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра, односно за секој од обвинетите паричната казна да е во висина од по вкупно 2000 евра во денарска проиввредност.секоја од нив по 20 евра во денарска противвредност, односно по вкупно 2000 евра денарска противвредност за секој од обвинетите.

kaznikoronavirus mkdobvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Нови докази од истрагата за „ботоксот“: Обвинителството покрена истрага против две лица

Горан Наумовски27/07/2026 - 15:04

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

Горан Наумовски16/07/2026 - 13:18

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

Предраг Петровиќ06/07/2026 - 19:02

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 14:0919/06/2026 - 18:24

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски12/06/2026 - 12:5912/06/2026 - 13:03

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Горан Наумовски11/06/2026 - 13:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео