Наместо одговорност, Заев ќе му дава медал на Филипче, а Караџовски прашува каде е одговорноста за Меркел и Џонсон

Од:

Премерот Зоран Заев не чувствува одговорност за широката распространетост на коронавирусот, а за министерот Венко Филипче заедно со здравствените работници, вели дека се херои. Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, вели: „За што да понесам одговорност, дајте ми факти“. Заев посочи дека ако се носеле мерки порано, тоа ќе било предвреме и ќе имало штета на економијата, иако немало калкулации кога е во прашање здравјето.

„Кажете ја слободно оставката ако ја барате. Нашиот здравствен персонал и сите здравствени експерти прават се што е возможно и тоа што се очекувало од нив. И апсолутно не треба никој од здравствениот аспект да понесе било каква одговорност. Тоа се нашите херои. Сите. Од министерот за здравство, до заменикот, до последниот здравствен работник. Или администрација која помага. Навистина спремаме ордени и јас ќе ги делам. Тука не гледам никаква одговорност. Ако мислите дека на овој начин, барањето на одговорност ќе ја промени одлуката, не. Согласно пресекот на неделно или двонеделно ниво се носат одлуките. Секогаш се носат мерки кои што се соодветни на состојбата, согласно анализите. Тоа е причината. Нема економски калкулации поради економските аспекти. Државата е стабилна и ликвидна, финансиски. Да носите предвреме мерки и да правите штета на економијата, не треба. Не мислам дека треба ни јас да понесам одговорност, бидејќи ние за разлика од вас, сметаме дека треба да има позитивни вести. Апсолутно не чувствуваме никаква причина да понесеме одговорност. Ако има една причина каде нешто лошо сме направиле, освен не знам, чувствата дека треба некој да прави харакири? Некој да направи било што поради мачнотијата? Нема предрасуди никој, ниту резерви. “, рече Заев.

Епидемиологот Караџовски им постави контра прашање на новинарите: „Зошто не се побара одговорност од Борис Џонсон, Меркел? Италијанскиот премиер?“, кога го прашаа дали некој ќе понесе одговорност за широката распространетост на коронавирусот.

„Имаа по 100 илјади случаи, луѓе умираа по ходници. Кога ние се справуваме со пандемијата, зошто не кажавме дека добро се справуваме со пандемијата? Ми се чини дека тенденциозните работи, дека некој нешто не презел, веројатно алудирате на комисијата дека не презела. Комисијата ги анализира податоците. Министерот е известен. Ако ме прашувате дали министерот Филипче во делот на неинформираноста на Владата – не. Вашата телевизија, во недела на пладне, ми испрати пораки: „Дали комисијата одржала седница, дали нешто се планира?“. Бидете сигурни, не вас, туку на никого нема да му одговорам во недела дали нешто се планира, кога не сме одржале состанок. Во понеделник ги анализираме состојбите. Не можам да се претворам во дневен информатор на телевизиите или медиуми“, рече Караџовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

Филипче: Со црна кампања ВМРО-ДПМНЕ бараат алиби за лошиот резултат кој ги очекува

Горан Наумовски

Филипче: Додека се боревме со три кризи ги решававме и стратешките прашања

Филипче: Платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари на медицинските сестри до 90.000

Предраг Петровиќ

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците