Наместо да се занимава со пренос на струја, МЕПСО спонзорирал фитнес клуб, Шкендија Арачиново и КК Башкими обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Денеска и утре ќе објавиме зошто енергетскиот сектор во Македонија е на дното и како и на кој начин се трошеле државните пари секаде каде што не било неопходно. Пред да почнеме со деталите, да ја потсетиме јавноста само на последниот скандал – 14 милиони евра долг отпиша претходното раководство на МЕПСО. 14 милиони евра долг беше отпишан затоа што должник е синот на Муса Џафери и други блиски фирми на СДС и ДУИ рече на прес конференција пратеничката и портапролка на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– А каде завршувале народните пари? На име донации и спонзорства АД МЕПСО согласно план и анализа за 2024 година предвидела вкупно 12.300.000 денари, а потрошила односно донирала и спонзорирала 22.712.500 денари. Донациите и спонзорствата се следни: Фитнес клуб Динамик Скопје добило 200.000,00 денари? Зошто и каква е поврзаноста на надлежноста на МЕПСО со донации и спонзорства на фитнес клуб? Понатаму, 100.000 денари донација на Македонско стоматолошко друштво МСД Скопје. Како, зошто и кој е основот за оваа донација? Кој е општествениот бенефит од оваа донација? Примател на донација или спонзорство е и Шкендија-Арачиново со исплата на 08.03.2024 во износ од 300.000 денари. Дали раководството на АД МЕПСО добило карти во ложа за да го проследи натпреварот за цела сезона на овој клуб? Или пак, на КК Башким? Затоа што и за овој клуб се доделени средства во износ од 250.000 денари во месец март оваа година. Затоа Македонија немаше стабилен енергетски систем, затоа имавме покачување на сметките на електрична енергија, затоа бевме ограбена држава. Затоа што наместо за граѓаните народните пари се трошеле ненаменски и залудно, вели Митева.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски