Намалување на криминалитетот во подрачјето под надлежност на СВР – Охрид

Од:

Статистичките податоци покажуваат намалување на вкупната стапка на криминалитет во подрачјето што е под надлежност на Секторот за внатрешни работи – Охрид за периодот од девет месеци на тековната 2014 година.

Според соопштението од СВР – Охрид, во односниот период регистрирани се вкупно 698 кривични дела што претставува намалување во однос на истиот период минатата година кога беа евидентирани 704 кривични дела.

Намален е бројот и на регистрираните сторители на кривични дела. Во изминатиот период на годинава регистрирани се 314, наспроти вкупно регистрираните 376 сторители на разни кривични дела ланската година.

Анализирајќи го криминалитетот по видови СВР – Охрид бележи пад на бројот кривични дела од областа на класичниот криминалитет. Така во периодот од јануари до септември оваа година, евидентирани се 608 кривични дела што претставува намалување од пријавените 623 кривични дела во истиот период лани.

Истовремено, зголемена е ефикасноста на службата во пронаоѓањето на сторителите на тешките кражби. Во анализираниот период расветлени се 126 дела тешка кражба што е зголемување во однос на откриените 109 тешки кражби во 2013 година.

Мало намалување на кривични дела забележани се и по однос недозволената трговија со дрога. Во односниот период регистрирани се 37 дела, наспроти 40-те дела евиндентирани за истиот период лани.

Во деветте месеци од оваа година во Охрид се случиле и три кривични дела „разбојништво“ од кои две се расветлени.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он