Намалена загубата на вода во кумановски „Водовод“

Од:

Кумановскиот „Водовод“ со повеќе активности ќе го одбележи 22 Март – Светскиот ден на водата, кој годинава се одбележува под мотото „Водата и одржливиот развој”.

Јавното претпријатие ќе подели и едукативни флаери за штедење на водата.

Директорот на претпријатието Горан Стојковски информираше дека преку проектот за намалување на загуба на вода којшто „Водовод“ го спроведува преку програмата за води кофинансиран од програмата за води во Дунавскиот регион намалена е загубата за 5,76 проценти.

– Овој успех слободно може да се вброи во една од најголемите годишни редукции на неприходна вода кај комуналните претпријатија на ниво на Република Македонија, изјави Стојковски.

Проектот опфаќа повеќе мерки меѓу кои и мерења на притисоци и потрошувачка на над 50 локации во градот, анализа и санација на дефектите и изработка на стратегија.

„Водовод“ апелира корисниците редовно да ги подмируваат сметките, бидејќи на овој начин се овозможува редовно и квалитетно водоснабдување.

– Во одредени делови од градот се забележува злоупотреба на пожарните хидранти за наводнување, дури и нелегално користење на водата без регулиран приклучок за вода и водомер, посочи Стојковски, додавајќи дека ќе ги преземат сите законски мерки за наплата на заостанатиот долг, но и за санкционирање на нерегуларните корисници.

Стојковски истакна дека граѓаните редовно треба да ги проверуваат и пријавуваат дефектите за да се намали загубата на вода бидејќи, како што вели, над 9.000 литри на годишно ниво троши чешма која пропушта една капка вода. 

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

По 30 дена притвор за тројцата осомничени за загадениот водовод во Гостивар

А1он

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он