Наќе Георгиев и Антоанета Димовска кандидати за членови на Судскиот совет од редот на судиите

Од:

Врховниот судија Наќе Георгиев и судијката од Основниот суд Скопје 2, Антоанета Димовска и официјално се кандидати за избор на членови на Советот од редот на судиите, првиот од Врховен суд, а кандидатката од редот на апелационо подрачје Скопје и од управните судови.

„Врз основа на член 13 став 2 и 3 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија (“Службен весник на РСМ“ бр.102/19) Комисијата за подготовка на кандидатски листи по огласот за избор на членови на Советот објавен во “Службен весник на РСМ“ бр.120/23 изготви:Општа листа за кандидат од Врховниот суд на Република Северна Македонија: Наке Георгиев, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија и Општа листа за кандидат од апелационо подрачје Скопје и од управните судови: Антоанета Димовска, судија на Основен граѓански суд Скопје.

Кандидатите кои не се евидентирани на кандидатските листи имаат право на приговор до Советот во рок од 48 часа од објавување на кандидатски листи согласно член 13 став 4 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија (“Службен весник на РСМ“ бр.102/19)“, објави Судскиот совет на својата страница.

Тие се пријавија на огласот за членови на Судскиот совет откако судиите Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска- Стефкова си поднесоа оставки од функциите.

Наќе Георгиев е врховен судија за граѓанска област. Трансферот го направи од позицијата претседател на Апелацискиот суд Штип. Во биографијата на Георгиев е запишано дека станал судија во струмичкиот Основен суд во 1997 година, а во 2004 е избран за судија во штипска Апелација. Претседател на овој суд станал во ноември 2017.

Димовска е долгогодишен судија во Граѓанскиот суд, а претходно се кандидираше и за Уставен судија.

Би можело да ве интересира

Судски совет: Министерот Лога е должен да го почитува Законот за судски совет

Лога бара од Судски совет да ја изземе Лорета Ѓоргиева затоа што го одбрани судијата Лазар Нанев

Орце Костов

Предупредувачки протест на Синдикатот на Судскиот Совет, бараат враќање на додатоците на плата

Катерина Ѓуровски

Дамева: Судии одат на увид со возила на странки, недолично е и отвора сомнеж за пристрасност

Орце Костов

Седум судии избрани за претседатели на судови потпишаа свечени изјави во Судски совет

Кривичен бара судијката за Ласкарци, избрана во Апелација, да остане до изрекување пресуда