Најстудено утрово во Тетово, Битола, Прилеп и Берово со измерени -4

Од:

Најстудено изутринава со измерена минимална температура од -4 степени е во Тетово, Битола, Прилеп и Берово, а најтопло со измерени 0 степени во Охрид, Претор, Виница, Гевгелија и Kрушево, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Струмица и Кавадарци измерени се -3, во Скопје-Петровец, Штип, Куманово и Mаврови Анови -2 и во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Велес и Демир Капија -1 степен.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло

Облачно со дожд, на повисоките места и снег

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар