Дожд денеска и утре, од недела потопло

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од дожд и снег со послаб интензитет.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно време. Претежно во источните делови ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 km/h). Од недела до средината на новата седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво