Облачно со повремени врнежи од дожд, викендов снег

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално врнежите ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на метар квадратен за 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 3 до 8 степени, додека максималните ќе достигнат од 6 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 10 степени.

Според прогнозата, под влијание на циклонска активност, за време на викендот времето ќе биде облачно и врнежливо. Во сабота на одредени места се очекуваат пообилни врнежи од над 30 литри на метар квадратен за 24 часа.

Со продор на постуден воздух од север, врнежите ќе преминуваат во дожд и снег во некои од пониските места, додека на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. На планините се очекува формирање снежна покривка до 20 сантиметри, а помала покривка од 2 до 10 сантиметри ќе се формира и на повисоките места.

Во недела, кон крајот на денот, врнежите ќе престанат, а од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.

Би можело да ве интересира

Облачно со повремени врнежи од дожд

Сончево и постудено

Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре заладување

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

А1он

Темепратури до 20 степени денеска

Променливо облачно време со дожд попладне, температури до 16 степени