Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец со брзина над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи Скопје.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.

Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).

Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.

Би можело да ве интересира

Темепратури до 20 степени денеска

Променливо облачно време со дожд попладне, температури до 16 степени

Променливо облачно со локален дожд

А1он

Топло со температури до 25 степени, утре заладување

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени