Темепратури до 20 степени денеска

Од:

Најстудено утрово е во Берово, а најтопло во Охрид и во Велес, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи до 8:30 часот.

Во Берово е измерен 1 Целзиусов степен, 3 на Попова Шапка, 4 во Маврови Анови, 5 во Крива Паланка и Штип, 6 во Тетово, Виница, Крушево, Лазарополе, 7 во Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, 8 во Претор, Демир Капија, 9 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Гевгелија, а 10 степени во Охрид и во Велес.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 7 часот утрово наврнал во Пожаране, 20 литри на квадратен метар. Потоа следуваат 18 – Лазарополе, 16 – Попова Шапка, 13 – Тетово, 10 – Претор, 9 – Крива Паланка, Крушево, 8 – Охрид, 7 – Скопје-Петровец, 6 – Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес, 4 – Битола, Прилеп, 3 – Штип, Берово, 2 – Кавадарци, 1 – Демир Капија, Струмица.

Синоптичарите за денеска најавија сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 16 Целзиусови степени.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно време со дожд попладне, температури до 16 степени

Променливо облачно со локален дожд

А1он

Топло со температури до 25 степени, утре заладување

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд