Облачно со дожд, на повисоките места и снег

Од:

Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m²), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Во сабота ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво