Најстудено на Попова Шапка, утрово 11 степени под нула

Од:

Попова Шапка утрово во 7 часот е со најниска температурата, -11, а температури под нулата се измерени и во Маврово и Крушево (-6), во Пожар -5, Ѓуршите -4, Пожаране -3, два степена под нула во Берово, Дебар и Тополчани и -1 во Крива Паланка, Охрид, Претор и Виница.

Во Скопје-Зајчев Рид се измерени нула степени, како и во Тетово, Битола, Прилеп и Штип, 1 степен во Скопје-Петровец, Струмица и Куманово, 2 во Дојран и 4 степени во Гевгелија.

Како што информкра УХМР, највисока снежна покривка според мерењата во 7 часот, има во Маврови Анови, 41 сантиметар, 33 во Пожаране и Крушево, 27 во Попова Шапка, 24 во Дебар и Тополчани, 15 во Претор, 13 во Битола, 7 сантиметри во Берово, 6 во Куманово, 5 во Прилеп, 4 во Тетово и 3 см снег во Штип.

Осум литри на квадратен метар воден талог се измерени во Маврово, шест во Берово, четири на Попова Шапка, Пожаране и Тополчани, три во Тетово, Демир Капија, Виница, Струмица, Дебар, Крушево и Ѓуриште, два литра во Крива.Паланка, Охрид, Претор и Битола и еден литар воден талог на квадратен метар во Прилеп, Штип и Пожар.

За денеска УХМР најави променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе има повремен снег, а во југоисточните делови дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Повремено ќе има услови за провејување на снег. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Студен бран во Македонија и дел од регионот

А1он