Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

Од:

Најниска температура од -3 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Лазарополе со -2 степени, 0 во Маврови Анови, Крушево, 3 Тетово, Претор, Берово, 4 Крива Паланка, Охрид, Прилеп, 5 Скопје-Петровец, Битола, Виница, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Кавадарци, 7 Струмица, 8 Демир Капија, Велес и 9 во Гевгелија и во Дојран.

За изминативе 24 часа до 7 часот утрово најмногу воден талог е наврнат во Крива Паланка – 19 л/м2м потоа во 10 Гевгелија, 8 Маврови Анови, Лазарополе, Ѓуриште, 6 Штип, Струмица, Куманово, 5 Виница, 4 Охрид, Берово, 3 Скопје-Петровец, Дојран, 2 Претор, Велес и 1 л/м2 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, Крушево, Тополчани и во Пожаране.

На Попова Шапка има 2 см снег.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места со врнежи од дожд со пороен карактер, проследени со грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Количината на снег во Москва достигна рекорд во последните 72 години

А1он

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево поради обилни снежни врнежи

Горан Наумовски