Најстудено изутринава е во Лазарополе и Берово каде се измерени минус 10 степени, во Демир Капија -7, во Крива Паланка, Гевгелија, Струмица и Битола -6, во Маврово, Прилеп, Скопје, Тетово и Штип -5, во Ѓуриште, Дебар, Претор и Пожаране -4, во Виница, Охрид и Тополчани -3 и во Крушево -1 степен.
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 5 до 11 степени.
