ВИДЕО: Најопасниот отпад во ОХИС го обезбедуваат чувари 24 часа

Од:

Винил хлоридот, една од најопасните материи се чува на специјална температура, под 20 степени затоа што е лесно запалива. Има физичко обезбедување на цистерната од 24 часа и состојбата е под контрола, информираше Владо Момировски од Еко центар 97, фирмата која доби на тендер, да го отстрани опасниот отпад од поранешна ОХИС.

„За винил хлоридот немаме решение. Тоа е високо токсична материја, за која е потребна посебна процедура за транспорт. Тој е лесно запалив и може да предизвика хаварија. Скоро сите земји на ЕУ се ослободијa од него, кај нас се чува преку 30 години. Сега имаме контрола со мониторинг, замислете што би можело да се случи во изминатите 10 години кога немало никаква контрола? За него, ќе треба да почекаме и да го видиме каде ќе се уништува, постојат само две такви печки во Германија“, рече Момировски.

Останатите 11 опасни материи се спакувани во специјални буриња, се чуваат во магацин и не претставуваат опасност за хаварија, информира од Еко центар 97. Како што рече, Момировски, овој отпад откако ќе ги помине сите потребни контроли ќе заврши во горилница во Швајцарија.

„Ова е комплексен процес, отпадот треба да помине низ седум држави кои треба да одобрат, а при тоа да се транспортира и однесе безбедно. Овде има отпад од 65 до 70 тони кој треба да се уништи. За сета процедура имаме ангажирано и консултанска куќа, „Еко мозаик“, која ни помага да ја обезбедиме документацијата“, рече Момировски.

Тој не знаeше да каже дали има друг неидентификуван отпад во кругот на фабриката, а за истекувањето на цистерната повтори дека нема опасна супстанца во воздухот. Од компанијата велат доколку Министерството утврди дека имало пропусти, тие се подготвени да се сносат со изречените мерки.

Би можело да ве интересира

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4

Пожар избувна во ОХИС, гори оџак и дрвна маса

A1on

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција

Катерина Ѓуровски

Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од нашата државата

(ВИДЕО) Ковачевски: Со отстранувањето на линданот од „ОХИС“ ги решаваме наследените еколошки проблеми

Ана Ололовска

МВР: Пожарот во „Охис“ го предизвикало лице што ја заварувало оградата, ќе следува пријава

A1on