Најниска температура утрово измерена во Берово

Од:

Најниска температура утрово е измерена во Берово од -14 степени, -12 степени се измерени во Маврови Анови, -11 во Крушево, -10 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, -9 во Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија и Виница, -8 степени во Тетово, Претор, Струмица и Попова Шапка, -7 во Скопје-Зајчев Рид, – 6 во Охрид, -5 Куманово, -2 во Дојран и Гевгелија.

Снежната покривка изнесува 54 сантиметри на Попова Шапка, 16 во Маврови Анови, 12 во Крушево, 10 во Ѓуриште, 8 во Пожаране, 5 сантиметри снег има во Демир Капија, 2 во Битола и Прилеп.

Денеска времето ќе биде сончево, во североисточните делови преку денот со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје, ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури и утре насекаде ќе бидат под нулата кога на места ќе се спуштаат и под -10 степени.

Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд и снег.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска