Најмногу дожд во Тетово и Пожаране

Од:

Западниот дел од Македонија синоќа беше зафатен од пороен дожд и грмежи. Најмногу дожд, 25 литри на метар квадратен, наврна во Тетово и Пожаране.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи во Маврово наврнаа 23 литри, во Скопје 13 литри, во Охрид 10 литри и Крушево шест литри на метар квадратен.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека нема пријавено оштетувања од невремето во Скопје. За тетовскиот регион информираат дека има поплавено обработливи и необработливи површини, што е резултат не само на дождот, туку и на наглото топење на снегот на планините. Поплава на станбени објекти нема.

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи метеоролозите најавуваат и за денеска во попладневните часови.

Температурата ќе се движи од 18 до 26 степени.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он