Најмногу дожд наврна во Берово – 67 литри на метар квадратен

Од:

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнале во Берово – 67 литри на метар квадратен, 51 во Крушево, 32 во Куманово, 27 во Скопје на Зајчев Рид, 15 во Тетово, девет во Крива Паланка, шест во Битола, три Скопје – Петровец, два во Маврово, Лазарополе, Гевгелија и Виница и еден во Прилеп и Дебар.

Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд, а попладне повторно ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и во северните делови.

Температурата ќе се движи од 21 до 31 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, а попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи до 30 степени.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он