Се преврте македонски автобус кај Лесковац, тројца загинати и преку 30 повредени

Од:

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случи синоќа околу 1 часот и 40 минути на влезот во Лесоковац кога се преврте македонски автобус.

Според првичните информации објавени во српските медиуми во прашање е автобус кој патувал на релација Битола-Виена.

Во акцијата за помош на повредени учествуваа екипи од Лесковац и Ниш.

Во болницата во Лесковац се пренесени 28 лица, додека четири се згрижени во нишката болница.Синоќа траела вистинска драма кога медицински возила од Лесковац и Ниш се упатиле на местото на несреќата.

– Автобусот беше превртен, тројца патници се затекнати без знаци на живот. Екипите на итната медицинска помош од Лесковац кои први стигнаа на местото на несреќата укажуваа помош на повредените. Имаше патници кои беа заглавени во автобусот. Нив ги ослободуваа пожарникари. Најтешко повредените ги пренесовме во Клиничкиот центар во Ниш. Еден од пациентите кој беше згрижен меѓу првите имаше скршеници на черепот, вели еден од лекарите од итната медицинска помош од Ниш.

Во тек е полицискиот увид и утврдување на причините за несреќата.

Како што информираат српските медиуми, во Лесковац вчера врнело дожд, а од полноќ непрекинато почнал да паѓа сенг, па се претпоставува дека можна причина за несреќата е лизгавиот коловоз или пак грешка на возачот што дополнително ќе се утврди.

Фото: РАС Србија

Би можело да ве интересира

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

(ВИДЕО) Безобѕирно возење на српските патишта – еден се движи со 185, а другиот со 211 километри на час

А1он

Бегалец од Србија уапсен во Виена – пред седум украде голема сума пари, па побегна во Германија

А1он

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Распишани се изборите во Србија на 25 октомври

A1on

БиХ го повлекува персоналот од Амбасадата во Белград: Односите со Србија ги сведуваме на минимум

A1on