Најмалку 15 нови обвиненија од СЈО до крајот на јуни

Од:

Специјалното јавно обвинителство до крајот на месецов ќе поднесе најмалку 15 нови обвиенија. Со ова бројот на поднесени обвиненија ќе биде повеќе од 20.

Предметите како Тортура (случајот против Љубе Бошкоски), ТНТ (уривањето на зградата на Фијат Цановски), Трезор (за набавките на УБК преку фирмата чиј управител Коста Крпач според истрагата се самоуби), Таргет (за незаконското прислушување во УБК), Титаник (за изборни измами) и други беа во фаза на истрага.

Обвинети во овие случаи, според презентираните истраги на СЈО ќе бидат:

– Највисоките функционери во претходната влада и на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и Никола Груевски,

– Највисоката структура на УБК и на МВР, кога со нив раководеа Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска

– не се поштедени ниту судии, членови на Државната изборна комисија за изборни измами, партиски функционери .

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева изјави дека нема намера да ги прати во редовното Обвинителство, туку дека ќе продолжи да работи по нив.

За евентуална одлука на Собранието со која на СЈО ќе му биде дозволено да поднесува обвиненија и по 1 јули, потребни се две третини од гласовите на пратениците, што значи поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе разговара на оваа тема и со нив.

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп во неделното интервју за Радио Слободна Европа изјави дека СЈО е исклучително важна институција за успехот на договорот од Пржино и надминување на политичката криза.

Тој вели дека треба да му се дозволи на Специјалното обвинителство да ја исполни важната улога која му била доделена и да ја заврши својата работа и дека Холандија секогаш ја поддржувала оваа институција.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов