Најголем процент од Македонците на годишен одмор во Грција

Од:

Дури 22 проценти од македонските граѓани што лани заминале на годишен одмор тоа го сториле во Грција, што значи дека процентуално, Македонците биле трети најбројни туристи во оваа земја по Кипраните (48%) и Србите (25%).

Ова, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, го покажува најновата анкета на Евробарометар поврзана со туризмот во земјите-членки на Европската унија, но и земјите-кандидат за членство во ЕУ меѓу кои е и Македонија.

Според овие мерења, точно 47 проценти од Македонците што лани заминале на годишен одмор тоа го сториле во некоја од 27-те земји-членки на ЕУ, 44 проценти тоа го сториле во некое од македонските туристички центри, а 35 проценти во земји надвор од Унијата. Покрај тоа што 22 отсто од нив својот одмор го минале кај јужниот сосед, само еден отсто биле во Хрватска, ниту еден во Велика Британија, три отсто во Шпанија, Франција и Австрија, четири проценти во Италија и осум проценти во Германија.

Во однос на нивните планови за годишниот одмор за оваа година, македонските испитаници одговориле дека само 13 проценти ќе ја посетат Грција, пет отсто ќе одат во Германија, четири проценти во Австрија, Италија и Хрватска, по два проценти по Шпанија и Франција и повторно никој е планриа да замине во Велика Британија.

Инаку, околу 58 проценти од Македонците патувале минатата година, а 39 отсто не заминале никаде. Интересно, но најмалку од сите европски земји, лицата што од Македонија одат на годишен одмор тоа го прават за да посетат некој град (два проценти). Најмногу, 47 проценти од Македонците заминале на годишен одмор за да уживаат и да се сончаат на плажа, а 34 проценти за да посетат пријатели или роднини.

Македонија е прва и по тоа што дури 30 проценти туристи од нашата земја на лице место го наоѓаат местото за годишен одмор, наместо да ангажираат туристички агенции или тоа да го прават преку интернет. Дури 28 проценти од летувалците од нашата земја лани биле на „ол-инклузив“ (се вклучено) варијанта, 25 отсто на организирано летување што не е „ол-инклузив“, додека 19 проценти со одделно купени туристички услуги.

Со платено преноќување во хотели или други сместувачки капацитет лани биле 58 проценти, додека кај роднини или пријатели – 49 отсто од испитаниците од Македонија. А, од оние македонски граѓани што не биле никаде на годишен одмор дури 58 проценти останале дома поради финансиски причини, 24 отсто од свои приватни прилини, а осум проценти поради причини поврзани со работата/кариерата.

За тоа дали економската ситуација ќе влијае на нивните планови за годишниот одмор за оваа година, 31 процент од македонските испитаници одговориле потврдно, со тоа што ќе заминат на одмор, но ќе потрошат помалку пари, а 21 процент дека поради тоа годинава нема да одат никаде. Околу 38 проценти од Македонците планираат оваа година да одат на одмор меѓу 4 и 13 ноќи.
Според анкетата, 44 отсто од Македонците што годинава ќе одат на годишен одмор тоа ќе го сторат во земја надвор од Европската унија, 36 отсто во некоја од земјите-членки на Унијата, додека 27 проценти тоа ќе го сторат во Македонија.

Би можело да ве интересира

Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство

Катерина Ѓуровски

Граѓаните не мислат само на избори: Распродадени туристичките аранжмани за Први Мај и Велигден

A1on

„ЈК Травел“: Гостите од хотелот во Геракини нема да бидат исфрлени и ќе го продолжат својот одмор

A1on

Недела од 1 октомври да стане неработен ден, предложи Владата до Собранието

A1on

Заев ќе оди на одмор во Охрид и во Грција

Татјана Ташкова

Научници утврдиле дека не е важна должината, туку колку често се оди на одмор

Ана Ололовска