Граѓаните не мислат само на избори: Распродадени туристичките аранжмани за Први Мај и Велигден

Од:

Од првиот круг претседателски избори на 24 мај до вториот круг на 8 мај има 15 дена, а само шест од нив се работни. Ова комбинирано заедно со пролетниот распуст на учениците им отвори можност на граѓаните да ги искористат сите слободни денови и наместо на митинзи, да одат на краток одмор во соседните земји.

Иако од 1 до 5 мај, односно за време на празниците, кампањата за парламентарните избори ќе биде засилена и ќе се одржат најголемите митинзи, граѓаните повеќе пријавија интерес да шетаат отколку да ги слушнат политичарите што имаат да кажат.

Дел од агенциите веќе ги распродадоа аранжманите до туристичките места во Турција поради директните чартер летови од 28 април до 4 мај, како и од 5 до 12 мај.

– Се бараат аранжмани за Турција и Грција, но најмногу резервации имаше за патувањата со автобус до Србија, Италија, Унгарија и Австрија. Граѓаните се плашеа само да не ги извисат во МВР за пасошите, но како што им стигнуваа, ги потврдуваа резервациите. Се бараат и дестинации како Барселона, Санторини, Малта и Италија, за кои дел од агенциите веќе имаат пополнетост на предвидени места“, велат од една скопска агенција.

Први Мај се паѓа во среда и е неработен за сите граѓани, а 3 мај, Велики петок е неработен за граѓните од православна вероисповед. Учениците имаат пролетен распуст од 29 април (понеделник) до 6 мај (недела).Но, Велигден е на 5 мај, а секогаш денот после Велигден е неработен, значи 6 мај е неработен. На 8 мај ќе се одржат парламентарните избори, а со одлука на Владата од 16 април, тој ден, среда, ќе биде неработен за сите граѓани.

Со одлука на Владата од седницата пред три дена, заради непречено спроведување на првиот и вториот круг на Претседателските избори и на Парламентарните избори 2024, деновите 24 април и 8 мај ќе бидат неработни за сите граѓани на целата територија на државава, и тие нема да се одработуваат.

Но, МОН доцна синоќа со допис ги известило училиштата дека двете среди (24 април и 8 мај) кога нема да работат поради одржување на изборите, треба да ги одработат во две саботи (18 мај и 1 јуни).

МОН во дописот со вчерашен датум им укажало дека треба да се исполни одредбата од законот според која учебната година трае 180 наставни денови.

-Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал, посочи МОН без да прецизира дека деновите ќе бидат надоместени како што за тоа ги известило училиштата.

Известувањето пратено до училиштата го објави и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) на нивната фејсбук-страница, со прашање: „Од кога неработните денови преку ноќ стануваат работни?“.

Би можело да ве интересира

Пазарна се закани со казни за сите што ќе работат утре: Исклучок се фирмите кои не можат да го запрат производството

Орце Костов

Не постои законска можност Владата со заклучок да прогласува дополнителни неработни денови за да се гласа

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани

„ЈК Травел“: Гостите од хотелот во Геракини нема да бидат исфрлени и ќе го продолжат својот одмор

Орце Костов

Недела од 1 октомври да стане неработен ден, предложи Владата до Собранието

Мери Јордановска