Недела од 1 октомври да стане неработен ден, предложи Владата до Собранието

Од:

Од 1 октомври недела да стане неработен ден за сите, соопшти премиерот Зоран Заев по денешната владина седница. Усвоени се измените во законите за работни односи и за трговски друштва и тие ќе бидат испратени до Собранието на усвојување.

Посебна грижа, рече Заев, се водело за работниците каде што не е можен прекин на техничко-технолошкиот процес. На овие работници ќе им следува додаток на плата за работа во недела и тие ќе добијат опција да имаат слободен ден во друг ден од неделата.

„Ова беше приоритет на нашата програма, направена со синдикатите и работодавачите. Недела ќе стане ден за одмор и со ова ја поддржуаме грижата и поддршката за работниците. Со ова, ќе се создаде рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот. Работничката и работникот ќе бидат поефикасни и помотивирани, но и ќе имаат приватен живот, за партнерски заедници, за пријателите“, рече Заев

За секое непочитување на законите, ќе следуваат санкции – забрана за вршење дејност 15 дена или прекршочен налог.

Исклучоци ќе бидат киосци, места каде што се продаваат колачи, апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, продавниците на бензинските пумпи и во трговските центри (од 10 до 18 часот), како и други места кои се предложени во законот.

Би можело да ве интересира

Граѓаните не мислат само на избори: Распродадени туристичките аранжмани за Први Мај и Велигден

Орце Костов

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите