Најдена ДНК во црвениот Опел на првообвинетиот во „Монструм“

Од:

На денешното рочиште за судкиот процес „Монструм“ беа изведени писмените докази кои ги обезбеди Јавното обвинителство.

ДНК совпаѓања на трага од црвениот Опел Омега со првообвинетиот во случајот, бегалецот Алил Демири, како доказ беше приложено на денешното судско рочиште во Кривичниот суд.

Опелот полицијата го пронајде на неколку километри од Смиљковското Езеро, а во обвинителниот акт се спомнува дека во тоа возило обвинетиот Агим Исмаиловиќ се качил кобниот ден од Топанско Поле, а околу 20 часот со истиот автомобил обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ дошле до Качанички пат каде ги чекал обвинетиот за помагање тероризам Хаки Азири.

За бранителот на бегалецот Алил Демири, адвокатот Насер Рауфи овој доказ не значи ништо, бидејќи никој возилото „опел омега“ не го видел на местото каде се случило убиството.

При вршењето увид во доказниот материјал јас видов дека има некои наводни траги од ДНК на првообвинетиот кој е во бегство, но тоа нема врска со самиот кривично-правен настан. Тоа е ДНК која е најдена во возило кое воопшто не се спомнува за време на настанот. Тоа е црвена опел омега, возилото кое го пронајде полицијата, а неговата сопственост допрва ќе се утврди и тоа е многу дискутабилно, но тоа ќе се види во понатамошниот тек на постапката – изјави Насер Рауфи, бранител на обвинетиот Демири.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски