Професорката Мирјана Најчевска, која денеска беше повикана на информативен разговор во МВР, вечерва фрлаше боја кон Собранието. Таа како што најави продолжи со боење на институциите, а притоа го искористи за прв пат и рачно направениот катапулт за да ја погоди зградата на Собранието.