ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Од:

Комисијата за прекршоци при МВР утврдила дека универзитетската професорка и активист за човекови права, Мирјана Најчевска, која беше дел од повеќе месечните протестите на Шарената револуција, е одговорна за фрлање на боја на објектите на државата, информираше таа преку социјалната мрежа „Фесјбук“, каде што додава дека сега е задолжена да плати казна од 200 евра.

„Ете денес ми стигнаа две решенија со кои Комисијата за прекршоци при МВР утврдува дека сум одговорна за фрлање боја на објекти на државата и ме задолжува да платам 200 евра.

Тоа онаа комисија која е под надлежност на теологот министер за внатрешни работи кој дојде на власт како резултат на Шарената револуција чиј дел бев и јас, а која што се состоеше токму во фрлање боја на институциите запоседнати од страна на режимот на Груевски со цел избегнување било кој облик на насилство). Имам намера да го оспорам Решението пред Управен суд, да поведам постапка за дискриминација и да му плукнам на Заев и на неговиот потрчко-теолог кој го поставил за министер за внатрешни работи под прозор.

И ги повикувам моите другарчиња од Шарената револуција кои во моментов топлат фотељчиња во власта да преземат нешто со цел запирање на натамошната виктимизација на учесниците во Шарената револуција кои не ги сместија задниците во фотељите во власта“, напиша Најчевска.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он