На својот блог, квадратура на кругот, Мирјана Најчевска објавува колумни кои ги пишувала одамна, но по својата содржина, тие и денес се актуелни.
Некои луѓе едноставно се родени да управуваат. Во многу рана возраст се пројавуваат како идни управници, функционери, дирекотри, градоначалници, парламентарци, министри и се понатаму. Не се издвојуваат со својата памет или некое посебно знаење. Не можете да ги препознаете по умешноста или стручноста. Не пројавуват забележлива интелигенција или бистрина. Не се шармантни, духовити, интересни. Не е да не се случува да поседуваат и некоја од горните карактеристики (одвреме – навреме, не многу често, се случува и тоа). Меѓутоа, тоа не е она по што можеме да ги преопознаеме и тоа не е она што ги исфрла на врвот со што доаѓаат на чело на секоја манифестација (освен онаа која може да биде опасна по нив самите). Овие луѓе ќе ги препознаете по тоа што во секој разговор подолг од пет минути ќе изговорат четири неизбежни фрази. Како прв секогаш се појавува зборот САКАМ.
Сакам да буидам претседател на одделение, сакам да ме изберат за претседател на Унија на средношколци, многу сакам да станам претседател на студентската организација. Сакам да станам советник во општина, градоначелник, дирецтор, пратеник, амбассадор, конзул, управник, претеседател, премиер. Добро е се што значи фотеља, секретарка, шофер е секогаш добредојден, потчинети, а јас главен.
Овие луѓе навистина сакаат и го кажуваат тоа на цел глас и во тоа име се подготвени да молат и да колат, подготвени се да ветуваат и да лажат, подготвени се д ате продадат и д ате купат, подготвени се да го згазат секој свој збор и подготвени се да станат пријатели и со црниот ѓавол. О, овие луѓе се подготвени апсолутно дан се, смао ако значи тоа некаква моќ, управување со други, само ако значи дека некој по редот на нештата ќе мора да седи и да ги слуша и потврдно да клима со глава и понизно да се смешка. Едноставно сакаат да решаваат за човечки судбини и да бидат барани и молени. Сакаат да се појавуваат на телевизија и на раидо и во весник и некој да ги прашува за нивното мислење, зс кое во други услови никој жив не би дал ни пет пари. Проклето многу ја сакаат таа раководна функција која единствена може д аим обезбеди да бидат третирани како да се некој и нешто, затоа што обично по сите свои способности се никој и ништо.
Вториот збор е ЗНАМ. Овие луѓе знаат. Знаат се и знаат целосно и безгрешно. Однапред И без никој ништо да им каже. Залудно е да се обидете на ваквиот човек дам у пренесете каква било информација, тој знае. Не можете дам у објасните нешто затоа што тој веќе знае. Губење време е да пробате да споделите што било, тој е секогаш понапред од вас и знае. Овие луѓе се родени со целокупното знаење што кога било ќе им притреба во животот. Знаат како да управуваат, знаат како да градат и како да уриваат, знаат да направат се што е потребно и знаат што не е потребно. Знаат што мислите и знаат што ќе направите, знаат што е најдобро за ского одделно и за сите заедно. Тоа се луѓе што не учат и не можат ништо да научат, луѓе за кои бројките се само убави шари за покажување, а податоците служат за разубавување на речникот. Ним не им требаат ни свои нит уѓи искуства. Тоа се луѓе кои нема да прочитаа ниту една информација или ивештај, а упорно ќе се повикуваат на истите тие информации и извештаи.
Знаат како, зошто, колку, кога, каде. Знаат без да дознаваат, знаат дури и без да знаат. Меѓу нив тешко ќе се пробие оној кутар мудрец кој се осмелил да извика: сега знам колку не знам. Нему дефинитивно не му е месдтото во ова друштво.
Знам и верувај ми и следи ме, не грижи се и не прашувај. А зад секое знам, по една дупка. Колкук поголемо знам толку поголема бездана. Колку поголема бездна толку повеќе жртви за да ја исполнат за да не пропадне тој самиот, што знае се.
Третиот збор кој природно следува од знам е МОЖАМ. Можам се. Можам д направам, можам да постигнам, можам да организирам, можам да добијам, можам да обезбедам, можам да разберам. Нема што не можам. Можам да бидам што сакам. Можам да бидам пилот, и капетан на број и дипломат, политичар, дирецтор на се и сешто , министер. Можам да возам со заврзани очи и без раце. Можам во исто време да бидам и профессор и државен службеник и независен експерт и партиски човек и бизнисмен и законотворец. Никој не ги учел, никогаш не пробале, првпат гледаат такво нешто, ама можат. Можат да напишат закон за една ноќ и учебник на еден ден, можат да преговараат и да договараа, можат да отидат и да се вратат. Можат да одат на лево и на десно и право и горе и долу, насекаде. Главно е да се каже можам, за некој да не помисли дека некој друг а не јас навистина може. Потоа ќе видам како, а тука е и последниот збор, оној најважниот: НЕ СУМ КРИВ.
Не сум крив е решение за се и излез од не знам и не можам. Не сум крив за неуспехот, за утнувањата, за погрешните процени и несоодветните потези, за назадувањето, за загубата и за грешките. Не сум крив и секогаш тука, поготвено, искрено со раширени раце и поткренати рамења. Секогаш има некој друг кој ја сплеткал работата. Некој друг нешто потрешно направил и ја оплескал.Криви се оние пред мене и нивните остатоци и оние околу мене што не работат како што треба и оние за мене, и пријателите и непријателите и луѓето и животните и времето и невремето. Криви се соседите и оние богатите и оние бедните. Јас – не. Може морав, ама јас не сум крив, а ако сум малку крив дефинитнивно се многу покриви оние другите.
Ме сум крив е супер,така можам свечено да ги напуштам овие кривите и да одам И да им се придружам на оние другите и третите и сите што доаѓаат.
Не грижете се доколку детето не ви учи добро или не покажува посебен интерес за ништо. Доколку ги изговара брзо и без размислување зборовите: сакам, знам, можам и не сум крив, се е в ред. Го чека сигурна и светла иднина.
УТРИНСКИ, 20 февруари 2001, САКАМ, ЗНАМ, МОЖАМ, од серијалот: И боговите лично пред глупоста остануваат неми