Наградите за животно дело и за значајни остварувања во развојот на Кочани за Борис Стојчев и Благој Веселинов

Од:

Одборот за доделување награди на Општина Кочани донесе одлука Наградата за животно дело годинава постхумно да му ја додели на културниот работник Борис Стојчев, а Наградата за значајни остварувања за развојот на општината да ја добие актерот Благој Веселинов.

Признанијата ќе бидат доделени вечерва, на свечена седница на Советот на Општината, а по повод 7 Септември – Денот на ослободувањето на Кочани.

Во образложението за наградите се вели дека Стојчев е културен деец, уметник, режисер, истражувач и собирач на народни умотворби од Кочанско. Тој е основач на Околискиот народен театар во Кочани, еден од носителите во развојот и популаризацијата на оперетата во нашата држава, а раководел и со ансамблот за староградски песни во центарот за култура „Бели мугри, а подоцна и со ансамблот „Изгрев“.

Веселинов е актер во Македонскиот народен театар, со повеќе значајни улоги на филмското платно, маркантна личност во културното живеење на Кочани и државата, добитник на наградата „Ѕвезда во подем“ на Берлинскиот филмски фестивал. Позната за пошироката македонска филмска публика стана со главната улога во филмот „Исцелител“, на режисерот Ѓорче Ставревски.

Во рамки на свечената седница на Советот што ќе се одржи на Споменикот на слободата, во знак на благодарност за посветеност во работењето, за висок професионализам и поддршка во реализацијата на проекти, на поединци и на компании ќе им бидат доделени благодарници, признанија и плакети. Награди ќе им бидат врачени и на првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Кочани.

На крајот на свеченоста, ќе биде прикажан филмот „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски, во кој една од улогите ја толкува актерот Благој Веселинов.

Би можело да ве интересира

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Момче од Кочани било измамено за 950 евра

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Момче од Кочани претепал малолетничка и ѝ нанел повреди