Надминат прагот на алармирање, во Тетово и Гостивар во сила мерките за заштита од загадениот воздух

Од:

Во Гостивар и Тетово е надминат прагот на алармирање и во сила стапуваат препораките и мерките за заштита од загадениот воздух. Министерството за животна средина и просторно планирање информираше дека според Уредбата во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 мg/m3 во текот на два последовни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи во овиа два града е надмнат прагот.

МЖСПП доставило информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општините Тетово и Гостивар.

Би можело да ве интересира

Тетовец со 2,63 промили алкохол во крвта возел автомобил

Со нож и се заканувал на сопругата, а потоа ја истепал

Невремето откорна тенда од ресторан во Тетово, тешко повредена е 29-годишна жена

Горан Наумовски

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Пожар во касарната во Тетово, повредени се двајца војници

Горан Наумовски

Започнува Меѓународниот филмски фестивал ВачАут (WatchОut) во Тетово