Малолетник од Гостивар осомничен за силување на својата помала сестра

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 14-годишно дете, бидејќи постои основано сомнение дека вршело продолжено кривично дело – родосквернавење, соопшти ОЈО.

– Детето, во судир со законот, во февруари 2026 година во два наврати го искористи отсуството на родителите и извршил обљуба врз неговата 13-годишна сестра. Малолетниот брат подолг временски период испраќаше пораки со непристојна и експлицитна содржина на жртвата, а во два наврати против нејзината волја ја принуди на сексуални односи – се наведува во соопштението од ЈОРСМ.

Имајќи ги предвид законските основи и особено потребата од заштита на жртвата, јавниот обвинител достави и посебен предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: За Гостивар има папка со факти – Савески кога ќе се врати од екскурзија да постапи веднаш

СДСМ: Дали и Савески е на екскурзија?

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода