Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Од:

Утрово најстудено било во Берово и на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени -4 степени целзиусови, а најтопло во Тетово со измерени 5 степени.

Според УХМР, -2 степени се измерени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, Kрушево, -1 во Битола, Штип, Велес, Mаврови Анови, Лазарополе, 0 во Охрид, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, 1 во Виница, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, и 4 степени целзиусови во Гевгелија

Претпладнево ќе биде сончево со мала локална облачност. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во југоисточните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Би можело да ве интересира

Најстудено утро во Берово и Лазарополе, измерени минус два степени Целзиусови

Кривична за беровец – приложи фалц сертификат за англиски јазик за да стане директор на училиште

А1он

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Ледено утро во Берово, снежна идила на Попова Шапка