Над 400 килограми комунален отпад годишно создава еден жител во земјава

Од:

Еден жител во земјава во текот на минатата година создал 456 килограми комунален отпад и за 10,7 отсто повеќе од количеството создадено во претходната 2018 година, објави Државниот завод за статистика.

Објавените податоци покажуваат дека вкупното количество собран комунален отпад во Република Северна Македонија во 2019 година изнесува 632 484 тони и споредено со 2018 година бележи зголемување од 1,1 отсто.

Најголемо количество комунален отпад е собран во скопскиот регион – 164 971 тон или 26,1 отсто од вкупното собрано количество.

Поголемиот дел или 83 отсто се собира од домаќинствата, а 17 отсто е комерцијален отпад.

Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 542 664 тони или 85,8 отсто, а најмало количество отпадот од гума – 778 тони или 0,1 отст од вкупното количество собран комунален отпад.

Статистичките податоци покажуваат дека вкупното количество на создаден комунален отпад лани во земјава изнесува 915.943 тони.

Најголемото количество на собран комунален отпад 99,7 отсто се исфрлана депонија.

Би можело да ве интересира

По три години затвор добија обвинетите кои направија диви депонии на Вардариште

А1он

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Гори депонијата во Арачиново

Горан Наумовски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

На депонија „Вардариште“ живеат над 200 луѓе, потпалувањата се дело на мал дел од тие што живеат таму, вели Тошковски

Нов пожар, гори фабрика за пластика, црни чадови над Скопје

Предраг Петровиќ