На Скопскиот маратон што ќе се одржи в недела традиционално веќе трета година по ред ќе учествуваат повеќе од 40 лица со дијабетес, членови на здруженија на дијабетичари од повеќе градови во Македонија трчајќи под слоганот „Го менуваме дијабетесот”.
Со тоа симболично ќе се претстави важноста на физичката активност во успешно справување со дијабетесот за оние кои живеат со оваа состојба, но и во превенција кај останатите.
Бројот на лица со дијабетес кои учествуваат на маратонот на 5 километри од година во година се зголемува, како и бројот на лица кои се пријавуваат на подолгите трки, покажувајќи дека дијабетесот може да се стави под контрола и со него да се живее нормален живот, без никакви рестрикции.