Над 300 службеници обучени преку проект финансиран од Норвешка

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми и амбасадорот на Кралството Норвешка Арне Бјорнстад ќе присуствуваат на завршниот настан на проектот „Одржлив систем за ЕУ обуки“.

Преку проектот беа реализирани специјализирани обуки за повеќе од 300 државни службеници во над 30 институции, кои се членови на работните групи за спроведување на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ.

Обуките беа спроведени во Скопје и Брисел со предавачи од универзитетите од Европа и од Норвешка, како и со поранешни и сегашни функционери во европските институции.

На завршниот настан предвидено е на 180 лица кои имале најдобри резултати на спроведените тестови да им бидат врачени сертификати за успешно завршена обука.

Би можело да ве интересира

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on

Штрајкот на вработените во Управата за матични книги останува во мирување

Горан Наумовски