А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Над 130 лица во Штип ставени во изолација по контактите со заразените текстилни работнички

by А1он28/05/2020 - 16:1728/05/2020 - 16:29537
Share0

Во Штип повторно нови случаи на заразени со коронавирусот. До утринскиот пресек на Министерството за здравство регистрирани се четири случаи, од кои две се текстилни работнички од конфекцијата која веќе трети ден е затворена.

Добивај вести на вибер

Градоначалникот на Штип Благој Бочварски на денешната прес-конференција истакна дека се уште е рано да се вклучи алармот за преземање поригорозни мерки на територија на Општина Штип. Според податоците кои ги има од Центарот за јавно здравје-Штип, во домашна изолација со решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат во изолација се ставени над 130 граѓани.

Бочварски рече дека оваа бројка во наредните денови и ќе се зголемува со цел да се изолираат сите контакти на заразените текстилни работнички и да не се шири вирусот. Во изолација се голем дел од вработените во текстилната конфекција, која е затворена, а во изолација е и сопственикот на компанијата.

-Ние ова утро стапивме во контакт и со неколку сопстевиници на конфекции, за коишто веќе се прават анализи и списоците со вработени се дадени на епидемиолозите и на нашите институции со цел да ги комуницираат и повикаат и да видат до каде е комуникацијата и каде ќе застане таа комуникација. Точно е утврдено кои се тие компании и со кој превоз се движеле, рече Бочварски.

Посочи дека постојано има комуникација со Министерството за здравство, со неколку сопственици на текстилни фабрики, со здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“, Клиничка Болница-Штип и Центарот за јавно здравје, а локалните капацитети се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните. Во текот на овие денови ќе има тестирање на текстилните работнички и како што рече Бочварски, за очекување е и да има нови случаи на заразени со коронавирус, но смета дека здравствените работници ќе го затворат кругот.

–Општинскиот штаб за заштита и спасување со своите служби беше на терен и започна со дезинфекција на влезовите пред текстилните фабрики. Упативме апел до угостителите да побараат поддршка за дезинфекција на нивните надворешни тераси и влезови пред отворањето, и секако за поддршка во дел на дезинфекција на автобусите. Нашите волонтери беа на терен пред конфекциите и делеа заштитни маски на текстилните работници. До денеска имаме поделено вкупно 23 000 заштитни маски на институции и граѓани, рече Бочварски.

Волонтерите досега имаат извршено услуги за вкупно 258 стари и изнемоштени лица.

–Ја користиме оваа прилика повторно да упатиме јасна порака до сите граѓани, а посебно до оние кои шират информации дека вирусот не постои и дека е измислица или лага, а всушност се работи за вирус кој се уште е присутен и ќе остане овде и понатаму. Борбата со овој вирус, за којшто се уште нема лек или вацина, треба да ја водиме сите заедно, со целосна вклученост на граѓаните, работниците, сопствениците и институциите, нагласи Бочварски.

koronavirus mkdstiptekstilni rabotnicki

Би можело да ве интересира

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски03/12/2025 - 13:5703/12/2025 - 13:58

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Катерина Ѓуровски27/11/2025 - 13:12

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

Горан Наумовски26/11/2025 - 13:13

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

Катерина Ѓуровски20/11/2025 - 12:47

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип

Катерина Ѓуровски17/11/2025 - 13:31

Убиство во Штип: 74-годишен маж со нож уби жена и телото го закопа во двор

Горан Наумовски16/11/2025 - 14:0816/11/2025 - 14:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен