Националната концесија е доделена на ТВ Алфа

Од:

Телевизијата Алфа доби дозвола за вршење радиодифузна дејност на национално ниво. Советот за радиодифузија денеска со соопшти ова, со што ТВ Алфа доби дозвола да прекине со емитувањето преку сателит и ја доби концесијата која до пред две години ја имаше А1 Телевизија.

За концесијата од А1 Телевизија конкурирале и Канал 77 од Штип, но место концесија добиле укажување да „ги остваруваат заложбите на менаџментот на телевизијата за најдобра телевизиска понуда на пазарот“.

Советот за радидофизија соопшти дека од 1 јуни кога во сила стапува дигиталниот пренос на телевизиската програма, 31 телевизија сигналот ќе го пренесува преку операторот „ОНЕ“, а останатите 30 преку кабелските.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски