Национална конференција за води: Приоритет управувањето со водите

Од:

Управувањето со водите претставува приоритет кој се рефлектира во повеќе стратешки документи донесени од Владата на Република Македонија и од Министерството за животна средина и просторно планирање(МЖСПП). Водите се значаен ресурс кој мора да биде добро заштитен и уште подобро управуван.

Ова денеска го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети на Националната конференција за води организирана од Ептиса и МЖСПП.

– Оваа година беше многу значајна за Министерството во заштитата на водите затоа што започнавме со изградба на три пречистителни станици за третман на отпадните води во Кичево, Струмица и Радовиш и два за подобрување на канализациската мрежа во Куманово и Берово. Воедно започнавме и со изработка на техничка документација за изградба на пречистителни станици за Велес, Штип, Гостивар, Дебар и Кавадарци, информира Амети и додаде дека документацијата за изградба на пречистителна станица за Скопје  е во завршна фаза.

Потенцира дека напорите на Министерството се насочени кон обезбедување средства за изградба на пречистителни станици и подобрување на канализациската мрежа со цел да се обезбеди добра заштита на водните ресурси во Република Македонија.

– Доколку не обезбедиме финансиска одржливост и подобрување на услугите на граѓаните, сета инфраструктура во заштитата на водите може да остане само како објект на добри намери. Токму и целта на овие реформи е обезбедување добра заштита на водите во Република Македонија преку намалување на загубите на вода, воспоставување систем кој ќе овозможи добро управување со инфаструктурата за водоснабдување и собирање и третман на отпадните води и подобрување на услугата на граѓаните преку најекономично достапна цена, истакна Амети.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар рече дека водата е стратешко добро за 21 век и дека Европската унија така и ја третира.

– Оскудноста на водата може да доведе до конфликти. Во август во Скопје бевме сведоци какви разурнувања и штети може да предизвикаат преголеми колични вода. ЕУ му даде приоритет на прашањето за управувањето со водите, а реформата на секторот на водите треба да биде еден од нашите врвни приоритети, нагласи Жбогар.

Новата улога на Регулаторната комисија за енергетика, според претседателот на комисијата Димитар Петров е со цел да се воспостави ефикасен систем во определување на цените на водните услуги.

– Со донесувањето на законот за утврдување на цените на водни услуги, Регулаторната комисија за енергетика доби нови надлежности за регулирање на прашањата поврзани со утврдувањето на цените на водните услуги. Регулаторните тела имаат за цел да бидат коректив на делувањето на вршителите на услуги кои се од доменот на  монополи како што е и случајот со водните услуги, информира Петров.

Комисијата, рече тој, со досегашното искуство во регулирањето на цените за електрична енергија, природниот гас, топлинската енергија и цените на нафтата покажа дека поседува стручен кадар кој може да воспостави ефикасен систем на утврдување на цените на водните услуги кои ги даваат водостопанствата и јавните претпријатија.

На Конференцијата, која има за цел навремено информирње за реформските процеси во секторот води, свои излагања имаа повеќе експерти од областа за води, од јавните претпријатија.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари