Националениот Ромски Центар го одбележа Меѓународниот ден на човековите права

Од:

Под мотото „Мултиетничност или премолчен бинационализам“, денеска Здружението Национален Ромски Центар го одбележа Меѓународниот ден на човекови права – 10 Декември.

На прес-конференцијата во паркот Жена борец во Скопје, од Здружението ги изразија своите ставови и согледувања во однос на пристапот на правата, дискриминацијата и нивните согледувања за вклучување на ромската заедница во процеси кои се од фундаментално значење за соживот, мултиетничност и ЕУ интеграции.

– Сакаме да споменеме дека 10 декември, како Меѓународен ден на човековите права, кој е утре, треба да значи економска стабилност, домување, здравство, право на слобода на движење, право на говор и право да бидеме дел таму каде што сакаме, не само во оваа држава, туку и во светот, порачаа од здружението.

Здружението Национален Ромски Центар оваа година одбележува 15 години од своето постоење.

Би можело да ве интересира

Децата Роми најчести жртви на онлајн булинг, алармантни случаи на насилство и оружје во училишните ранци

Зајкова со честитка за Меѓународниот ден на Ромите – инклузивноста не е луксуз, туку основа на секоја вистинска демократија

Предраг Петровиќ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on