Национален натпревар на зелени идеи

Од:

Националниот натпревар за зелени идеи што се одржува петти пат по ред ќе биде претставен денеска во Скопје од Здружението за социјални иновации „АРНО“.

Настанот, како што информираат организаторите, има за цел поддршка во процесот на апликација на сите зелени бизнис идеи што се иновативни, поттикнуваат развој на екологијата, промовираат традиционална изработка на производи и користат ресурси од локалната заедница.

Натпреварот е отворен до 2-ри јуни, а пријавите за натпреварот и сите информации се достапни и на веб-страницата zeleniidei.mk.

„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи во земјите од Западен Балкан: во нашата земја и во Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, а од годинава и во Грција.

Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. Четворицата претставници коишто ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 долари за реализација на идејата во својата земја.

Досега четири идеи од нашата земја победиле на регионалните натпревари и тоа кооперативата на органски потрошувачи „Наша добра земја“, фирмата за репарирање и реупотреба на стар мебел „СПИН“, еко-магионичарот Кристиан Шопов и стартапот „Храна за сите“.

Би можело да ве интересира

Македонскиот тим „eBionics“ победник на младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019/2020“

Ана Ололовска

Иноваторот Ангелков: Работиме на 20 респираторни машини кои ќе помагаат при дишење во болници и во домашни услови

Ана Ололовска

Братот на Сашо Орданоски за украдена иновација зел 350.000 евра?

А1он

Избор на најдобрите иновативни решенија „Младински предизвик“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Анѓушев се сретна со 19-годишниот Христијан Котески кој иновираше теренско возило за чистење снег

Ана Ололовска

Соработка на иноваторите од Македонија и Франција

Ана Ололовска