ВИДЕО: Анѓушев се сретна со 19-годишниот Христијан Котески кој иновираше теренско возило за чистење снег

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, оствари средба со деветнаесетгодишниот Христијан Котески, млад автомеханичар од прилепското село Борино, кој со сопствен труд и средства успеал да направи теренско возило за чистење снег.

Вицепремиерот му честиташе на младиот Христијан за успешниот иновативен потфат и разговараше со него за процесот на креирање на возилото.

Тој истакна дека младите креативни луѓе се иднината на оваа земја и дека неговиот пример е добра водилка дека кога се има идеја, со напорна работа и посветеност може да се постигне посакуваниот резултат.

Со оглед на тоа што станува збор за лице кое нема постојан работен ангажман, вицепремиерот укажа на некои од можностите кои им се достапни на младите иновативни лица, како што се грантовите за самовработување преку Агенцијата за вработување со кои се дава неповратна финансиска поддршка од 5.000 евра, пари кои би можело да се искористат за регистрирање на фирма и опремување на механичарска работилница.

Подоцна, со развој на компанијата, вицепремиерот објасни, дека се нудат можности за аплицирање на инструментите за поддршка на мали и средни претпријатија од Фондот за иновации и технолошки развој и се овозможува поддршка во форма на поврат до 30% од инвестирани средства, за технолошки развој на компаниите.

Би можело да ве интересира

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски