А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Началник во МВР сведочеше во „Монструм“, како сведок предложен и Миле Јанакиески

by А1он26/08/2020 - 11:2926/08/2020 - 11:29968
Share0

Началникот на одделението за увид на место на настан при СВР Скопје, Горан Милошевски, е денешниот сведок кој даде исказ во предметот „Монструм”, односно неговата поврзаност со возилото „Опел Омега”, најдено во местото Враживир.

Добивај вести на вибер

– На 13 април на работа бев од 07 до 15 часот. Од никого не сум добил дојава дека во Враживир е најдено возило. Од старешината Владо Мирчевски, добив сознаније дека во Враживир најверојатно е пронајдено возило поврзано со настанот на 12 април, рече Милошевски.

Тој исто така посочи дека воопшто не го видел возилото.

– Ние добиваме дојави од Центарот за известување и командување, има други служби кои обработуваат оперативни сознанија, наша надлежност е за увид на место на настан, потенцира Милошевски.

Во меѓувреме одбраната на обвинетите поднесе листа на предложени докази кои треба да се презентираат на следните рочишта. Меѓу сведоците кои одбраната ги предлага е и Миле Јанакиески, за разговор поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Следното рочиште е закажено за 31 август.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинените го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

monstrum

Би можело да ве интересира

Убиен за 10.000 евра бидејќи се сомневале дека предал дел од обвинетите за „Монструм“

Катерина Ѓуровски28/05/2025 - 11:15

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Предраг Петровиќ15/09/2023 - 15:59

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Горан Наумовски06/09/2022 - 14:01

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он30/12/2021 - 16:21

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Катерина Ѓуровски16/09/2021 - 15:10

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов02/06/2021 - 11:3402/06/2021 - 15:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен