Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Од:

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ја поздравува одлуката на Владата да набави 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз од кои најголем дел за Скопје, но смета дека треба да се остави време да се види дали ќе се реализира тоа што го имаат ветено. За набавката на електрични автобуси вели дека слушнала од медиумите и смета дека ваквата одлука е задоцнета.

– Најавата, која што ја слушнав од медиумите, доколку е вистина, можам само да ја поздравам и да кажам дека е задоцнета затоа што Владата имаше мнозинство во Советот на Град Скопје и веќе трета година по ред можеше да донесе иста или слична одлука без разлика дали се работи за задолжување или, пак, се работи за средства што градот Скопје ги има од сопствен капацитет и коишто можел да ги покрие, изјави Арсовска во одговор на новинарско прашање по примопредавањето на донацијата од ЕУ на шест еколошки автобуси за ЈСП Скопје.

Она што како градска управа го нуделе во изминатите години пред советниците, како што посочи, било да има една транспарентна постапка во која што сите политички чинители ќе може да учествуваат како би немало никакво сомнение со она што ќе се набави.

– Доколку сега конечно има таква најава, сметам дека е подобро ова кое што сега се случува, иако за три години можевме да имаме секоја година по 50 нови автобуси, тоа се веќе 150 автобуси коишто ги немаме, а севкупно требаше да бидат 250 како ветување на сегашниот премиер којшто го имаше дадено заедно со мене. Сепак да му оставиме време и да видиме дали тоа што го имаат сега ветено, ќе го реализираат, посочи Арсовска.

Нагласи дека во изминатите 25 месеци на секоја седница на Советот на Град Скопје постоела точка на дневен ред за набавка на нови автобуси за ЈСП Скопје и оваа точка била за дискусија.

– Никогаш нема оправдување зошто не се гласа, само не се гласа и очигледно е дека се работи или за некаква политичка агенда или за идни аспирации за коруптивно однесување за кое оставам граѓаните сами да проценат. Најважно од се е дека граѓаните ја трпат најголемата штета од ваквото однесување, оцени Арсовска.

Би можело да ве интересира

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Арсовска: Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ

А1он

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Арсовска го повика Ѓорѓиевски јавно да ги објави долговите и тие што не оделе на работа, ВМРО-ДПМНЕ и одговори дека „правдата е блиску“

Катерина Ѓуровски