На Заев му фали еден пратеник, Беса не попушта

Од:

Продолжуваат маките на Зоран Заев и неизвесноста дали ќе успее да ја достигне бројката од 80 пратеници за менување на Уставот.

А1он дознава дека премиерот во моментов го нема потребното мнозинство. 79 пратеници се подготвени да застанат зад имплементацијата на Договорот од Преспа. Недостасува еден пратеник, но токму во тој еден пратеник е клучот.

Панчо Минов и Лилјана Поповска ќе гласаат позитивно, како и осум пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Проблемот е кај двајцата пратеници од БЕСА од крилото на Касами.

Интервенција во уставниот закон со Теута Биљали или Фадиљ Зендели, тоа се двајцата главни играчи од кои зависи судбината на едногодишните напори на Заев да се постигне договор за менување на името и Уставот со цел влез во НАТО и почнување на преговорите за ЕУ.

Премиерот се уште е во разговори со Беса за техничка формулација во однос на државјанството, но сепак беше јасен дека државјанството мора да остане македонско, но се бара формулација со која ќе се најде заедничко прифатливо решение и за мултиетничкиот карактер на земјава.

Ако не успее да обезбеди мнозинство, Заев најави седница на Централен одбор на СДСМ и понесување одговорност.

До утре ќе траат калкулациите во јавноста за бројката и пратениците кои може да дадат поддршка и дали и како ќе финишира процедурата за уставните амандмани.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија